
За точно една недела, на 11 септември (среда), претставниците на францускиот првак Пари Сен Жермен и поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ќе се состанат во правниот комитет на Француската фудбалска лига за да го решат долгот на клубот кон играчот во износ до на 55 милиони евра, пренесува авторитетното издание „Л’Екип“.
Претходно во медиумите се појави информација дека актуелниот шампион на Франција не му ги исплатил платите и разните бонуси на Мбапе од април 2024 година, а 25-годишниот фудбалер им испратил на „шеиците“ официјално писмо со барање за исплата на доспеаните суми.
Килијан Мбапе беше играч на Пари Сен Жермен од сезоната 2017/18 година, кога пристигна на позајмица од Монако, пред да биде купен и официјално да остане во клубот во близина на Ајфеловата кула до 30 јуни 2024 година, кога му истече договорот. Тој како слободен агент ова лето направи трансфер во Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
