Францускиот првак Пари Сен Жермен се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Томас Тухел. Германскиот стратег од 2018 година е на „Паркот на принцовите“, но и покрај доминацијата на домашна сцена, не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Тоа е целта на раководните луѓе на ПСЖ.
Спортскиот директор Леонардо веќе подолг период ја чекаше можноста да му даде отказ на Тухел, а тоа се случи утрово, дури и по синоќешниот убедлив триумф (4-0) над Стразбур.
Француските медиуми веднаш најавуваат дека Маурисио Покетино ќе биде следниот тренер на Пари Сен Жермен, но преговорите веројатно ќе траат подолг период. Втората опција е Тијаго Мота, поранешниот играч на клубот кој последен пат ја предводеше Џенова, да седне на клупата на ПСЖ до крајот на сезоната. Третата и уште подалечна варијанта е Масимилијано Алегри, поранешниот трофеен тренер на Милан и на Јувентус да дојде на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













