Connect with us

ПСЖ лесно го победи Нант (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до седмата победа во низа откако го совлада Нант на гости со 0-3. Иако без Нејмар, Икарди, Верати, Дракслер и уште неколку фудбалери, составот на Томас Тухел сепак лесно ја заврши задачата.

Андер Херера го отвори резултатот, Килијан Мбапе од пенал зголеми на 0-2, а во финишот и Пабло Сарабија се запиша во листата на стрелците. 

ПСЖ е на врвот на табелата со 21 бод по девет одиграни кола во францускиот шампионат. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови