
Францускиот гигант Пари Сен Жермен ја одби и втората понуда на Реал Мадрид за трансфер на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на „светците“ одлучи да ризикува и да го задржи напаѓачот на „Паркот на принцовите“ иако тој следното лето би можел да замине како слободен агент. Но, сепак, ПСЖ ќе продолжи во наредниот период да го убедува Мбапе да стави потпис за нова соработка.
Реал Мадрид понуди 170+10 милиони евра за ангажман на Мбапе, а ПСЖ смета дека и тоа е недоволно за да дозволи да ја загуби француската ѕвезда. Од друга страна, „кралевите“ дадоа ултиматум дека ова е последната понуда од Мадрид ова лето по што станува јасно дека Мбапе ќе остане во Париз и оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
