Connect with us

ПСЖ и Јунајтед се договорија, Мануел Угарте доаѓа на „Олд Трафорд“

Фудбалерот за врска на Пари Сен Жермен, Мануел Угарте, веќе може да се смета за играч на Манчестер јунајтед. Според уругвајската верзија на „ЕСПН“, двата клуба практично ја завршиле зделката, и денеска Угарте треба да отпатува за Манчестер.


Веќе подолг период Угарте ги има договорено своите лични услови со “црвените ѓаволи”, така што останува само успешно да ги помине медицинските прегледи и да го потпише договорот, што најверојатно ќе се случи утре.

Се очекува договорот да биде до 2029 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци.

Угарте не учествуваше во првите два натпревари на ПСЖ, бидејќи се очекуваше тој да направи трансфер.

Зделката е 50 милиони евра фиксно, плус 10 милиони како бонуси.

Манчестер Јунајтед ја договори продажбата на Скот Мектоминеј во Наполи за 30 милиони евра, што го олесни трансферот на Угарте. Уругваецот ќе биде петтото ново засилување на “црвените ѓаволи” ова лето, по Џошуа Зиркзе, Лени Јоро, Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови