Connect with us

ПСЖ го промовираше Мукиеле како ново засилување

Пари Сен Жермен официјално го претстави дефанзивецот Норди Мукиеле кој дојде од Лајпциг. Францускиот дефанзивец потпиша договор на пет сезони до летото 2027 година, а трансферната сума која парижаните ќе ја платат за него е околу 16 милиони евра.


24-годишниот дефанзивец е младински играч на ПСЖ кој се враќа во клубот и може да игра како десен бек, но и во срцето на одбраната.


ПСЖ го назначи Луис Кампос за спортски директор и Кристоф Галтие за тренер во обид да го одведе тимот во нова насока. Новото раководство сака да направи сериозни промени во составот, а медиумите во Франција шпекулираат дека на трансфер листата се ставени девет фудбалери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови