Францускиот шампион ПСЖ доби забрана од ФИФА да позајмува играчи во зимскиот преоден рок поради достигнување на лимитот. Парижаните треба да го намалат буџетот за платите и тоа се обидоа да го направат токму со испраќање играчи во други тимови, пренесува „Л’Екип“.
ПСЖ ги испратија Џорџинио Вајналдум во Рома, Мауро Икарди во Галатасарај, Јулијан Дракслер во Бенфика, Абду Дијало во Лајпциг, Левин Курзава во Фулам, Андер Ерера во Атлетик Билбао, Колин Дагба во Стразбур и Леандро Паредес во Јувентус.
По забраната на ФИФА, единствениот начин на кој ПСЖ може да „отвори“ пари и да го намали буџетот за плати е да продава играчи, како што направи со Пабло Сарабија, кој се пресели во Вулверхемптон.
Голманот Кејлор Навас има една од највисоките плати во клубот и најверојатно ќе биде продаден откако одигра само еден натпревар оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













