
Пари Сен Жермен не се откажува од намерата да ја задржи својата ѕвезда Килијан Мбапе. Напаѓачот има договор со парискиот клуб до крајот на сезоната и одамна најавува дека сака да замине од „Паркот на принцовите“, а негова следна дестинација треба да биде Реал Мадрид.
Сепак, првиот човек на клубот Насер Ал Келаифи, подготвува нова понуда за Мбапе според која тој би станал најплатениот играч во фудбалската историја.
ПСЖ подготви двегодишен договор за Мбапе, според кој тој би станал најплатениот фудбалер во светот. Засега нема детали од договорот, но се претпоставува дека тој би можел да заработува и до 800.000 евра неделно.
Од друга страна, Реал Мадрид исто така го очекува неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ каде исто така би станал најплатен фудбалер во историјата на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal