ПСВ Ајндховен е последниот осминафиналист во Лигата на шампионите кој успеа да избори пласман после успех во плејоф рундата. Холандскиот тим по продолженија го победи Јувентус на домашен терен со 3-1 и ја надомести негативата од 1-2 од првиот меч во Торино.
Стрелец на голот кој го одведе ПСВ во осминафиналето беше Фламинго во 98.минута од мечот.
Во регуларниот тек, ПСВ славеше со 2-1. Перишиќ во 53.минута донесе водство за домаќинот, а израмни Тимоти Веа десет минути подоцна. Сепак, Саибари во 74.минута погоди за 2-1 и за продолженија, во кои холандскиот тим постигна уште еден гол и се пласира во осминафиналето од елитното европско клупско натпреварување.
Јувентус е елиминиран во плејоф рундата и нема да биде дел од осминафиналните пресметки, исто како и Аталанта и Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













