Connect with us

Првпат по 13 години финалето на ЛШ ќе помине без ниту еден Французин

Французин за првпат по 13 години нема да игра во финалето на Лигата на шампионите. Ова се случи откако Милан и Реал Мадрид беа елиминирани во полуфиналните дуели. Двата тима имаа вкупно осум пријавени играчи од Франција.


Во исто време, Интер и Манчестер Сити, кои излегоа како победници, немаат ниту еден интернационалец од оваа земја.

Последното финале без француски претставник беше повторно со учество на Интер – против Баерн Минхен во 2010 година. Во тоа финале настапи и македонскиот ас Горан Пандев, а италијанскиот клуб славеше со 2-0.

Финалниот натпревар за трофејот во ЛШ меѓу Манчестер Сити и Интер ќе се одржи на 10 јуни во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови