Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ вечерва (18.55 часот) ќе биде домаќин на Реал Сосиедад во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа. Првпат „наполитанците“ ќе бидат домаќини по преименувањето на стадионот, а Елиф Елмас ќе го започне дуелот од клупата за резервни фудбалери.
Наполи по пет одиграни кола се наоѓа на првата позиција во групата Ф со 10 освоени бода, пред Реал Сосиедад со 8. Ова ќе биде пресметка за првата позиција, но во трката е исто така и АЗ Алкмар со 8 бода, а вечерва има гостување во Ријека. Дарко Велковски е најавен на клупата за резервни фудбалери на хрватскиот тим.
Динамо Загреб на Аријан Адеми од 21 часот на „Максимир“ ја пречекува ЦСКА Москва.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













