
Интер го доживеа првиот пораз во Серија А оваа сезона откако на домашен терен загуби од Сасуоло со 1-2. Наполи славеше против Удинезе со 4-1, а и Лацио триумфираше (2-0) против Торино.
Интер имаше предност од 1-0 по првиот дел со голот на Дензел Думфрис во 45.минута, но Недим Бајрами во 54. и Доменико Берарди во 63.минута се погрижија за целосен пресврт и за прв пораз на „нероаѕурите“.
Наполи заличи на тимот од минатата сезона и го победи Удинезе со 4-1. Зиелински од пенал ја отвори серијата, а Виктор Осимен во 39.минута зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Квича Кварацкелија, а потоа прекрасен погодок за Удинезе постигна Лазар Самарџиќ. Сепак, само една минута подоцна возврати Џовани Симеоне.
Елиф Елмас на овој меч доби шанса во 83.минута.
Лацио го победи Торино со 2-0. Весино и Закањи беа стрелци на головите за „лацијалите“ во второто полувреме.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
