Connect with us

Просинечки ќе ја преземе клупата на Словенија?

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда и хрватски репрезентативец Роберт Просинечки би можел да стане нов селектор на Словенија. Актуелниот прв човек на словенечиот национален тим Матјаж Кек, неуспешно го заврши циклусот квалификации за Светското првенство во Катар.


Тој има шанси да го преземе Динамо Загреб каде настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а на негово место да дојде популарниот „Жути“.

„Сите ми се јавуваат, но апсолутно никој се уште не ме контактирал за таа приказна“, одговори Просинечки за хрватските медиуми. Но, јасно е дека ќе има промени на кормилото на словенечката фудбалска репрезентација.

Словенците беа во групата со Хрватска, Русија, Словачка, Кипар и со Малта и завршија на четвртото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови