Хрватскиот стратег Роберт Просинечки демантираше дека воопшто имал некакви разговори за преземање на селекторската функција на фудбалската репрезентација на Македонија. Во разговор за хрватскиот медиум „Спортске Новости“ вели дека првпат слуша за таква идеја.
„Вие сте првиот кој тоа ми го кажува…Не сум читал портали. Значи, првпат слушам за нешто такво и не сум разговарал со никого од федерацијата на Македонија. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема“, изјави Просинечки за „Спортске Новости“.
А се почна со шпекулација во српскиот весник „Курир“, која веднаш беше демантирана и од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













