Динамо Загреб не успеа да ги оствари планираните три бода против Рапид Виена, претрпувајќи пораз од 2-1 на гостинси терен. Хрватскиот шампион го одигра овој дуел од третото коло од групната фаза во Лига Европа, без својот капитен, Аријан Адеми. Сепак, предводникот на “сините”, Роберт Просинечки смета дека отсуството на македонски репрезентативец е само една капка во морето од проблеми за Динамо.
“Мислам дека тоа за мене е малку претерано. Не треба да се прави “мит” околу тоа што го нема Адеми. Тој, навистина е важен играч, носи смиреност во играта, но мислам дека Динамо има дополнителни проблеми. Има доста недостатоци во играта.
“Заминаа доста важни играчи во изминатиот период. Тоа е судбината на екипите како Динамо. Во такви моменти, мора да се води политика која ќе донесе соодветни замени”, тврди Просинечки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













