
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски нема да потпише за Галатасарај во летниот преоден рок, тврдат медиумите во Турција. За тоа се наведуваат три причини.
Првата и најконкретна е дека раководството на Галатасарај не може да одговори позитивно на финансиските барања на Џани Алиоски.
Втората причина е дека на турскиот клуб веќе му се понудени уште двајца фудбалери кои би можеле да ја пополнат левата странична позиција.
Третата причина е реакцијата на фановите, со оглед дека Алиоски би дошол од Лидс Јунајтед, еден од најомразените клубови за навивачите на Галатасарај.
Раководството на Лидс Јунајтед и понатаму се обидува да го убеди Езгјан Алиоски да стави потпис на нов договор и да остане на „Иланд Роуд“ во наредниот период. Менаџерот Марсело Биелса исто така даде позитивно мислење за македонскиот репрезентативец и истакна дека одлуката сепак треба да ја донесе фудбалерот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
