Роналдо е казнет, откако одби да влезе во дуелот со Тотенхем и предвреме замина во соблекувалната, а нема да биде во тимот за дуелот со Челси. Ќе мора да плати и еден милион фунти парична казна и да се извини на Тен Хаг и на соиграчите.
Вчера тој разговараше со Тен Хаг, но страните останаа на своето. Тој објави свој став на Инстаграм, но, сепак, конкретно не се извини.
Холанѓанецот по викендот ќе го врати Роналдо во тимот, но неговата позиција тешко дека ќе се смени кога е минутажата во прашање.
Медиумите откриваат дека ова е само еден од низата конфликти меѓу Португалецот и новиот менаџер, кој има целосна поддршка од бордот, дека Роналдо често ја доведува во прашање тактиката, но и игнорира еден од помошниците на Тен Хаг.
Секако, никому не му е удобно, но клубот засега нема решение до јануари, па дури и до следното лето кога му истекува договорот на Кристијано. Тен Хаг сака Јунајтед да донесе нов напаѓач пред да се ослободи од Португалецот.
Холанѓанецот е мирен, јасно му соопштил на Роналдо дека очекува да биде дел од тимот и на клупата и дека за тоа нема никакво прашање. Во спротивно нема да тренира со тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













