
Реал Мадрид втортпат по ред имаше проблеми на гостувањето и загуби бодови. По натпреварот со Мајорка, и натпреварот против Лас Палмас заврши со резултат 1-1, па така „кралевите“ по само три кола се веќе на -4 во однос на Барселона.
Беше јасно дека Тони Крос многу ќе му недостига на Реал Мадрид, но никој не очекуваше дека тоа ќе биде толку изразено уште на почетокот на сезоната. Ова може да се заклучи и од изјавите на Карло Анчелоти.
Поради повредата на Џуд Белингем, Анчелоти одлучи Лука Модриќ да биде стартер против Лас Палмас, но легендарниот хрватски играч од средината не беше на своето ниво.
По натпреварот, Анчелоти ја критикуваше играта на целиот среден ред на Реал Мадрид, велејќи дека играта е преслаба и дека е тоа очигледен проблем кој мора да се реши, особено затоа што топката премногу бавно доаѓа до последната третина од теренот.
„Првото полувреме беше лошо. Се мачевме да создадеме шанси, да ја освоиме топката, да најдеме рамнотежа. Мораме брзо да најдеме решение и верувам дека ќе го најдеме. Тешко е да ја пронајдеме цврстината од минатата година, не смееме да бараме изговори, распоредот е густ и мораме брзо да најдеме решение, бидејќи во недела имаме натпревар. Морам да бидам појасен во однос на тактиката на теренот за да им дадам на играчите појасна слика. Овие три натпревари ми покажаа многу работи кои не одат добро“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
Општото мислење е дека проблемот на Реал лежи во недостатокот на Крос, кој беше мозокот на средниот ред и со своите додавања, било кратки или долги, им создаваше сериозни проблеми на противниците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими
