Connect with us

Проблем за Реал: Повредата на Винисиус Жуниор е посериозна од очекуваното?

Повредата на Винсиус Жуниор е посериозна од очекуваното, пренесува „Ел Чирингито“. Се стравува дека напаѓачот на Реал Мадрид ќе паузира најмалку во следните 6 седмици.


Бразилецот почувствува болка во десната нога на стартот од минатонеделниот натпревар против Селта во Ла Лига и беше принуден да биде заменет. Веднаш по натпреварот тренерот Карло Анчелоти прокоментира дека не е ништо сериозно, но, сепак, реалноста е малку поинаква. На Вини Жуниор денеска ќе му биде направена магнетна резонанца, по што ќе има конечна потврда за нивото на повредата.

Винисиус Жуниор сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари на својата репрезентација против Боливија (9 септември) и Перу (13 септември) и дури може да биде неизвесен неговиот настап на дербито против Барселона на крајот на октомври доколку работите се покажат посериозни и процесот на опоравување е одложен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови