Баер Леверкузен се интересира за Квинтон Тимбер, еден од најдобрите играчи на Феенорд.
Германскиот клуб внимателно ги следи настапите на холандскиот репрезентативец и ќе се обиде да го ангажира до крајот на август. 24-годишниот централен играч за врска е еден од тројцата главни за таа позиција, која Баер Леверкузен сака да ја засили пред стартот на новата сезона во Бундеслигата.
Договорот на играчот за врска со Феенорд важи до летото 2026 година. Квинтон Тимбер има настапувано за Ајакс и за Утрехт, а во 2022 година го облече дресот на ротердамскиот клуб, со кој стана шампион на Холандија и го освои националниот Куп.
Тимбер дебитираше за репрезентацијата на Холандија во 2024 година и оттогаш има запишано пет настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













