Фудбалерите на Црвена Звезда со наведнати глави го напуштија стадионот „Рајко Митиќ“ откако загубија со 1-2 од Пафос во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите. Ако не успее да победи на реваншот во Кипар, белградскиот клуб ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.
Тренерот Владан Милојевиќ по мечот беше исклучително самокритичен и призна дека е изненаден од играта на кипарскиот тим.
„Не мислам дека очекувавме ваков Пафос. Тие се исклучително брз тим кој користи транзиции и игра многу атлетски. Изгубивме премногу дуели. Притиснати сме до ѕид, мора да играме поинаку во реваншот, мора да покажеме карактер“, изјави Милојевиќ.
Тој додаде дека тимот направил недозволиви грешки и дека Пафос знаел како да ги искористи.
„Најмалку што сакавме беше да примиме ран гол. Такво нешто не смееше да се случи – му давате крилја на противникот уште од првиот напад. Тие се физички силни, играат агресивно и користат многу дуели. Имаме нови 90 минути за поправка на резултатот. Ќе се подготвиме и ќе играме, не треба да правиме трагедија“, заврши стратегот на „црвено-белите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













