Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ќе отсуствува од теренот на неодредено време поради проблеми со мускулот, соопшти денеска неговиот клуб.
Халанд мораше да излезе во 63. минута од саботниот натпревар против Хофенхајм (3:2), а потоа се чинеше дека ги повреди препоните. Во текот на натпреварот лекарите му помогнаа поради проблемот со десното колено.
„Халанд има мускулни проблеми кои бараат третман и подетални прегледи во наредните денови“, се наведува во соопштението на клупската веб-страница.
Ова е третпат оваа сезона Халанд да оди на пауза поради здравствени проблеми. Тој пропушти три натпревари од крајот на септември до средината на октомври поради проблеми со колкот, а потоа седум меча од крајот на октомври до крајот на ноември поради други повреди.
Халанд оваа сезона постигна 16 гола на 14 натпревари во Бундес – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













