Сериозен удар за Ливерпул е отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот објави порака на социјалните мрежи, во која потврди дека е повреден.
Тој го повреди коленото по дуел со фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик.
„Многу е непријатно да добијам повреда токму на крајот од фантастичниот натпревар во средата вечер. Сега започнуваме процес на рехабилитација, но едно нешто можам да ветам: ќе се вратам и ќе бидам најдобар повторно. Благодарам за уникатната поддршка на ‘Енфилд’“, напиша Ибрахима Конате.
Очекувањата се дефанзивецот да биде надвор од терените цел декември, со почетна прогноза за враќање од пет до осум недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













