Connect with us

Проблем за Флик: Гнабри има гнојна ангина, Чупо-Мотинг ќе игра против ПСЖ

Европскиот првак Баерн Минхен се соочува со големи проблеми пред утрешниот меч против Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Роберт Левандовски ќе отсуствува еден месец поради повреда на коленото, а тренерот Ханси Флик ќе го нема на располагање и германскиот репрезентативец Серж Гнабри. Тој не тренира поради гнојна ангина.

„Минатогодишното финале нема никаква врска со сегашната пресметка. ПСЖ има нов тренер, а јас многу повеже размислувам за изнудените решенија во тимот. Ќе го немаме веројатно и Серж Гнабри. Но, тука е Чупо-Мотинг. Тој е одличен играч и против Лајпциг покажа дека на него можеме сериозно да сметаме. Има и одличен карактер, едноставно го обединува тимот“, изјави Ханси Флик.

Баерн Минхен утревечер на „Алијанц арена“ го пречекува ПСЖ во првиот четвртфинален двобој од Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови