
Капитенот на Арсенал и на Норвешка, Мартин Одегард, кој заработи повреда на скочниот зглоб, е неизвесен за натпреварите на Норвешка на 10. и на 13. октомври и за почетокот на Лигата на шампионите. Ова го соопшти медицинскиот штаб на репрезентацијата, цитиран од „Франс прес“.
Офанзивниот играч за врска го повреди глуждот во понеделникот во Осло за време на победата од 2-1 над Австрија во судир со противничкиот дефанзивец Кристоф Баумгартнер. Во вторникот, Одегард се врати во Лондон со патерици со приватен авион и ќе биде подложен на магнетна резонанца.
„Овие видови повреди бараат околу три недели рехабилитација. И често може да потрае подолго“, изјави репрезентативниот лекар Ола Санд за весникот „VG“. Тој изрази сомнеж дека Одегард ќе биде подготвен за следните натпревари на Норвешка против Словенија (10 октомври) и против Австрија (13 октомври).
„Нема страв од скршеница“, додаде докторот. Доколку се потврди повредата, Мартин Одегард ќе ги пропушти натпреварите на Арсенал во Лигата на шампионите против Аталанта (19 септември) и Пари Сен Жермен (1 октомври).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski