МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Македонија секогаш оди по потешкиот пат. Проблем и на стартот од квалификациите за СП 2022 во Катар. Селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на Дарко Велковски во срцето на одбраната.
По синоќешнот тренинг на Националната арена во Букурешт, на повреда се пожалил стоперот на Ријека и тој дефинитивно отпаѓа од комбинација за настап на вечерашниот меч.
При крајот на тренингот Дарко Велковски почувствувал тегоби во бутниот мускул, мало истегнување на задната ложа и лекарските проценки се дека со него не треба да се ризикува на дуелот со Романија. Тој ќе остане со националниот тим и за претстојните натпревари против Лихтенштајн и против Германија и во зависност од нивото на повредата надежите се дека сепак ќе може да се опорави и да настапи.
По ова, селекторот Игор Ангеловски ќе мора да направи промени во дефанзивната линија. Најверојатно, шанса во стартниот тим ќе добие Кире Ристевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













