Приказната за Кристијано Роналдо и „Кока – Кола“ доживеа пресврт. Португалскиот ас се подготвуваше за прес-конференција за време на ЕВРО 2020, а две минути пред почетокот напаѓачот на Јувентус ги помести настрана двете шишиња „Кока-Кола“ ставени во пред него и рече „аква“ (вода) што предизвика смеа кај новинарите. Овој гест предизвика моментална загуба од 4 милијарди долари за производителот на добро познатиот пијалок.
Сепак, „Кока – Кола“ тргна во противнапад, и според Форбс, познатата американска мултинационална компанија од Европското првенство ќе излезе дури и зајакната, со добивка од 1,8 милијарди долари.
Од моментот кога Роналдо ги премести шишињата до крајот на денот на Вол Стрит, цената на акциите на „Кока-Кола“, сепак, пораснала за 0,30 долари, додавајќи проценка од 1,3 милијарди долари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













