
Фудбалерите на Брегалница славеа против прволигашот Академија Пандев со 2-0, на пријателскиот натпревар кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.
„Сините“ беа подобар противник на теренот во второто полувреме, сосема заслужено стигнувајќи до победата со головите на еден од најголемите таленти на штипската школа, 16-годишниот Љупче Кудев кој стрелаше во 63. и во 70. минута.
Струга Трим Лум, пак, продолжува со одличните игра во подготвителниот период. Стружани славеа со 2-0 против Дрита од Боговиње со головите на Мазари и Османи во второто полувреме. Ова е втора победа за Струга ТЛ во четвртиот пријателски натпревар. Составот на Срѓан Захариевски има и две ремија.
Македонија ЃП триумфираше против Охрид со 2-1 на тест дуелот кој се одигра во Маврово. Охриѓани поведоа со голот на Ромео Кочоски. „Лавовите“ до крајот на првиот дел ги постигнаа двата погодоци, и двата од белата точка. Во првиот обид прецизен беше Емини, а во вториот Мишевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
