Connect with us

Претставници на ФФМ дел од работилницата за лиценцирање на клубови што се одржа во Загреб

Фудбалската федерација на Македонија е една од двете европски асоцијации избрана да учествува во пилот проектот на УЕФА за размена на знаења и искуство од областа на клупското лиценцирање.

Иницијативата, поддржана од УЕФА, обезбедува платформа за размена на информации помеѓу лиценцорите (даватели на лиценца) и има за цел да ја поттикне соработката помеѓу нив, да им понуди можност да споделуваат информации и знаења од други средини со цел да го зајакнат системот за лиценцирање на клубови во Европа.

Во рамките на проектот, одделот за лиценцирање при ФФМ присуствуваше на возвратната средба во месец јануари, каде домаќин беше Хрватскиот фудбалски Сојуз. На истиот состанок присуствуваше и Алеш Заврл, раководител на УЕФА за лиценцирање клубови и Иванчица Судац, заедно со својот тим одговорни за клупско лиценцирање во Хрватскиот фудбалска Сојуз (ХНС).

Како дополнување на состанокот, нашите преставници земаа учество и на годишната работилница за клупско лиценцирање при ХНС организирана за сите клубови од сите рангови на натпреварувања. На истата земаа учество околу 140 преставници на клубовите и беше презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Филип Поповски.

“На наше задоволство имавме значајна прилика да го претставиваме македонскиот систем за лиценцирање на клубови пред 140 ценети претставници од Хрватската фудбалско семејство. Ова е значајно од неколку причини, а меѓу нив како најзначајни ги издвојуваме:

Промовирање на одржливост: Системот се фокусира на финансиската стабилност, развојот на младите и професионалните стандарди. Негувајќи ги овие столбови, градиме одржлива основа за раст на македонскиот фудбал.

Прекугранична соработка: Споделувањето на нашите иницијативи со хрватските колеги поттикнува соработка, размена на идеи и колективно подигање на стандардот на фудбалот во нашите региони. Заедно, можеме да направиме значително влијание.

Меѓународно признание: Задоволувањето на глобалните стандарди ги отвора вратите за македонските клубови за учество во престижни европски натпреварувања, подигајќи го нашиот фудбалски профил.

Градење партнерства: Соработката со хрватските фудбалски претставници ги зајакнува врските, го поттикнува взаемниот раст и ги поттикнува двете нации кон фудбалска извонредност“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови