Францускиот напаѓач Килијан Мбапе од претстојната сезона ќе игра за Реал Мадрид, изјави претседателот на шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас во интервју за аргентинскиот весник „Оле“.
„Мбапе следната сезона ќе игра за Реал Мадрид. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, но Реал Мадрид ги има и Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Ќе имаат одличен тим, но тоа не ја гарантира шампионската титула“, коментира Тебас.
На 10 мај Мбапе официјално објави дека по завршувањето на првенството ќе го напушти Пари Сен Жермен.
25-годишниот фудбалер игра за францускиот шампион од сезоната 2017/18. Како дел од парижаните, фудбалерот стана петкратен шампион на Лига 1, трикратен победник на националниот Куп и Суперкупот, како и двапати го освои Лига купот на Франција.
Со француската репрезентација, Мбапе триумфираше со титулата на Светското првенство во 2018 година.
Мадридскиот спортски весник „Марка“ објави дека Килијан Мбапе ќе потпише договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната 2028/29.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













