
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го откажа учеството на самитот на Организацијата на турски држави во Азербејџан и има намера лично да присуствува на четвртфиналниот натпревар на ЕП 2024 меѓу Турција и Холандија во Берлин на 6 јули, објави ТВ каналот „А Хабер“.
Оваа одлука е донесена и во врска со скандалот околу репрезентативецот Мерих Демирал, против кого УЕФА започна истрага. Поводот беше симболот на ултранационалистичката организација „Сиви волци“ што го демонстрираше фудбалерот.
На 3 јули Турција ја совлада Австрија со 2-1 во осминафиналето на Европското првенство. Демирал постигна два гола. По вториот гол, играчот го направи гестот што доведе до истрага од УЕФА.
Телевизискиот канал забележува дека Ердоган ќе пристигне во Германија за да „го подигне духот на турските граѓани по овој инцидент (со истрагата на УЕФА) и да ги натера да се чувствуваат дека е со нив.
Засега нема официјални изјави од претседателот за овие планови. Самитот на Организацијата на турски држави треба да се одржи во Азербејџан на 6 јули. Ердоган претходно планираше лично да учествува во него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
