Јувентус успеа да протне низ иглени уши во Лигата на шампионите откако Наполи не успеа да слави дома против Верона и му го „подари“ местото на торинскиот клуб. Италијанските медиуми денеска шпекулираат дека ова може и да ги промени плановите на раководството околу изборот на новиот тренер.
Андреа Пирло не покажа дека е калибар за клупата на Јувентус, иако пред неколку дена изјави дека го обожава Јуве и дека сака да остане и следната сезона. По пласманот во ЛШ, и ако земе во предвид и дел од објективните причини како повредите и отсуствата на фудбалерите поради пандемијата, Андреа Ањели би можел да му даде и уште една шанса на Пирло.
Опциите за ангажман на Зинедин Зидан или на Масимилијано Алегри се се помали, а како еден од главните кандидати се споменува Џанпјеро Гасперини, актуелниот стратег на Аталанта.
Џенаро Гатузо е договорен за клупата на Фиорентина, а една од варијантите е и српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој е на кормилото на Болоња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













