
Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, е сè поблиску до потпишување на нов договор со клубот, откако преговорите меѓу двете страни влегле во многу поинтензивна фаза во последните денови, пренесува угледното египетско издание „Масрави“.
Пробивот во разговорите дошол откако раководството на Ливерпул значително ја подобрило својата понуда кон Салах. Дополнително, на ситуацијата влијание имало и заминувањето на Трент Александер-Арнолд, што му овозможило на клубот да ослободи финансиски средства и да ја зголеми понудата кон Салах.
Првично, клубот планирал тие средства да ги распределат на три понуди со пониска вредност за играчите чии договори истекуваат на крајот од сезоната, Александер-Арнолд, Салах и Ван Дајк.
Позитивен ефект врз преговорите секако има и фантастичната форма на Мохамед Салах оваа сезона. Египетскиот ас досега има постигнато 32 гола и 22 асистенции на 43 натпревари за Ливерпул, што уште еднаш го потврдува како еден од најважните играчи на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
