Раководството на Вардар ќе им додели на играчите премија од 100.000 евра, ако најтрофејниот македонски клуб го помине второто квалификациско коло во Лигата на конференциите на УЕФА, против швајцарскиот претставник Лозана.
Финансискиот стимул треба да биде дополнителен мотив за екипата, која подели 50.000 евра за успешното прво квалификациско коло. Швајцарскиот претставник, минатата сезона беше исто така петтопласиран во домашното првенство, кое има далеку повисок коефициент од нашето.
Првиот натпревар од двомечот се игра на 24. јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 31. јули во Лозана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













