
Манчестер Сити им се приклучи на ривалите од Премиер – лигата, Манчестер Јунајтед и Ливерпул во трката за потписот на тинејџерот од Далас, Рикардо Пепи. Сезонава, 18-годишниот талент израсна во еден од најперспективните фудбалери МЛС – лигата на САД, постигнувајќи 13 погодоци на 30 натпревари.
Пепи изрба да го носи дресот на Соединетите Држави, а го доби и своето репрезентативно деби во септември. Оттогаш, тој има гола и исто толку асистенции во четири квалификациски натпревари за Светското првенство во 2022 година. Поради ова, скоро цела Европа “полуде” по младиот талент, а “граѓаните” се најновиот клуб кој го изрази својот интерес за напаѓачот, додека тимови како Баерн Минхен и Волфсбург исто така го следат талентираниот тинејџер.
Извештајот додава дека Пепи бил блиску до трансфер во бундеслигашот Штутгарт, но договорот пропаднал откако играчот дознал за интересот од поголемите клубови. Иако, напаѓачот има уште пет години од неговиот актуелен договор со Далас, Американците, сепак, би биле подготвени да го продадат за сума од 10 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
