Сите шест премиерлигашки екипи кои беа инволвирани во Суперлигата се повлекоа од ова натпреварување. Манчестер Сити беше првиот клуб кој се повлече официјално, откао Челси срамежливо најави дека ја подготвува документацијата за повлекување.
Останатите четири екипи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем го направија истото.
Суперлигата реагираше со најава дека “ќе ги преземе адекватните чекори“ за нов формат на проектот.
Новото елитно натпреварување беше најавено во неделата и предизвика жестоки реакции во фудбалскиот свет. Шесте премиерлигаши не го издржаа притисокот од јавноста, навивачите, медиумите па дури и од Владата предовдена од Борис Џонсон.
Манчестер Сити формално потврди дека е почната процедурата за повлекување. Ливерпул објави дека учество во новата лига е прекинато.
Од Манчестер Јунајтед објавија дека „внимателно ги слушале реакции од навивачите, од британската Влада и од акционерите во носењето одлука да не учествуваат“. Арсенал во отвoрено писмо им се извини на навивачите велeјќи дека била направена грешка, повлекувањето го објасни со реакциите на фановите и на „пошироката фудбалска заедница“.
Челси соопшти дека ја подготвува документацијата за повлекување од „друштвото во кое се приклучиле минатата недела“. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви рече дека клубот ги зел предвид бурните реакции и нервозата што се создаде поради Лигата.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ги поздрави овие одлуки велејќи дека овие големи клубови се вратиле каде што им е местото и дека тие имаат да понудат многу на европскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













