Connect with us

Премиер – лигата продолжува следниот викенд, но без двете дербија

Премиер – лигата официјално објави дека викендов ќе има натпревари во англиската елита и покрај националната жалост во Велика Британија поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Како што е познато, целото седмо коло во првенството беше одложено токму поради оваа причина.


Следниот викенд ќе се одиграат само седум од десетте натпревари на програмата од осмото коло на шампионатот.

Станува збор за натпреварите Астон Вила – Саутемптон и Нотингем Форест – Фулам в петок, саботните дуели Вулверхемптон – Манчестер Сити, Њукасл – Борнмут и Тотенхем – Лестер, како и неделните мечеви Брентфорд – Арсенал и Евертон – Вест Хем.

Поради настаните околу погребот на кралицата Елизабета Втора, одложени се двата највозбудливи натпревари Челси – Ливерпул и Манчестер Јунајтед – Лидс, како и Брајтон – Кристал Палас, кој е презакажан презакажани поради штрајк на локалната железница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови