
Натпреварите од седмото коло во Премиер – лигата, кои требаше да се одиграат викендов, се одложени поради смртта на кралицата Елизабета Втора, соопштено е во официјалното соопштение на официјалната веб-страница.
„Клубовите од Премиер – лигата и оддадоа почит на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во чест на нејзиниот извонреден живот и придонес за нацијата и како знак на почит, овонеделното коло во Премиер лигата е одложено, вклучувајќи го и натпреварот во понеделник навечер“, објавија официјалните лица на лигата.
Сепак, медиумите на Островот откриваат дека главна причина за одложување на натпреварите е стравот од реакцијата на одредени навивачки групи на изразувањето сочувство до кралското семејство. Одредени навивачки групи би можеле да прекинат едноминутно молчење или некој друг облик на чествување на починатата кралица со свирежи и скандирање.
Два такви инциденти веќе се случија во четвртокот, кога се играа натпреварите од Конференциската лига и Лига Европа. Ирските навивачи на натпреварот на Шамрок Роверс во Даблин извикуваа „Лизи е во ковчег“ и на тој начин како да ја „прославија“ смртта на британската кралица.
Познато е дека навивачите на Ливерпул не го сакаат кралското семејство. Тоа го покажаа во многу наврати кога на стадионот исвиркуваа членови на кралското семејство, а знаеја и да ја исвиркуваат и националната химна. Трент Александер-Арнолд, детето на Ливерпул не ја пее англиската химна дури и кога игра за репрезентацијата.
Граѓаните и навивачите на Ливерпул негодуваат на кралското семејство затоа што државните служби не презеле одговорност за трагедијата на стадионот Хилсборо во 1989 година. Има и други навивачки групи кои не го сакаат кралското семејство. Поради оваа причина, некои клубови забранија коментирање на социјалните мрежи додека изразуваат сочувство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал
