Connect with us

Прекрасeн гест на Јувентус: Ќе згрижи 80 украински бегалци

Италијанскиот клуб Јувентус испрати два автобуси во Унгарија за да доведе 80 украински бегалци, пред се деца од 6 до 14 години заедно со своите мајки, во Торино и да ги згрижи во клупските капацитети.


Еден дел од оваа група е извлечен како одговор на барањето за помош од Украинската фудбалска федерација и се состои од млади луѓе од фудбалските школи евакуирани од бомбардираните зони.

Мисијата започнала во петокот и е реализирана во текот на викендот. Јувентус комплетно ќе се грижи за украинските бегалци, а децата кои тренираат фудбал ќе бидат вклучени и на тренинзите на клупската академија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови