Connect with us

Прекин во Тирана, Србите славеа, Англија се „лизна“ дома (ВИДЕО)

Инцидент се случи во Тирана каде беше во прекин квалификацискиот натпревар меѓу Албанија и Полска при резултат 0-1. Во 80. минута, домашните навивачи незадоволни од резултатот со тврди предмети гаѓаa кон противничките фудбалери, а капитенот Роберт Левандовски го повлече тимот.

Три минути претходно, Карол Свидерски постигна водечки гол за Полска. По дваесетина минути пауза, натпреварот продолжи, а Полска оствари минимален триумф, 0-1.

Англија одигра само 1-1 на „Вембли“ против Унгарија. Гостите поведоа од пенал со голот на Роланд Салаи, а израмни Џон Стоунс во 37.минута. Сепак, селекцијата на Герет Саутгејт не успеа да пронајде начин да стигне до победа.

Србите славеа со 3-1 против Азербејџан. Иако голманот Рајковиќ направи каринална грешка со која Азербејџан израмни непосредно пред одморот, сепак, Душан Влаховиќ со два гола, еден од пенал, и Душан Тадиќ, исто така од пенал, донесоа триумф за Србија.

Португалците со 5-0 го совладаа Луксембург. На самиот старт, Кристијано Роналдо постигна два гола од пенал, продолжија Бруно Фернандеш и Палиња, а Роналдо на крајот комплетираше хет – трик. Португалија во пресметка за првото место и пласман на СП ќе ја пречека Србија до крајот на квалификациите.

Данска оствари минимален триумф (1-0) против Австрија со голот на Јоаким Маеле и успеа да обезбеди пласман на Светското првенство, а и Шкотска славеше со 0-1 против Фарски Острови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови