Connect with us

Прекин во Кадиз: Навивач побара лекарска помош

Натпреварот меѓу Кадиз и Барселона е прекинат во 81.минута откако здравјето на навивач на трибините беше сериозно загрозено. Лекарските екипи тргнаа да му укажат помош, а домашниот голман Ледезма трчаше да го донесе дефибрилаторот од стадионот.


Останатите фудбалери на теренот се молат за животот на навивачот на Кадиз.

Домашниот клуб денеска слави 112 – годишнина од формирањето, а Барселона имаше водство од 0:2 во моментот на прекинот.

Стрелци на головите беа Френки де Јонг во 55.минута и Роберт Левандовски во 65.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови