Connect with us

Прекин на Чаир, навивачи влетаа на терен

Натпреварот од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е во прекин откако навивачи влетаа на терен. По голот што го постигна Дашмир Елези, тој замина да се радува пред фановите на Шкупи, а тие веднаш влетаа на теренот и го нападнаа.

Се случи голема мешаница, летаа тупаници, реагираше и полицијата. Судиите се повекоа во соблекувалните, а потоа и фудбалерите на Шкендија. Не е јасно дали и кога ќе продолжи дербито во четвртфиналето на Купот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови