
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) ќе ги добие противниците во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Нашата селекција се наоѓа во четвртиот шешир и на пример, не може да биде во иста група со Бугарија, како и со Словенија, БиХ, Албанија…
Македонија посакува атрактивна група, посебно што сега националниот тим ќе биде учесник на ЕП и веќе не е тотален аутсајдер, може со секого да се надигрува. Никогаш досега не сме биле во група со светскиот првак Франција, со Германија…Од вториот шешир атрактивност за нас носи Србија, можеби и Турција…Од третиот, секако, Грција…
55 национални репрезентации ќе бидат поделени во десет квалификациски групи, пет со по шест репрезентации и пет групи со по пет репрезентации, а натпреварувањето ќе се одвива од февруари до ноември следната година. Десетте победници од групите ќе се пласираат директно на СП 2022, а десет второпласирани селекции, како и две репрезентации од Лигата на нации, ќе играат дополнителни бараж квалификации. Овие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи со по четири селекции кои ќе се борат за уште три визи за СП 2022.
Ждрепката за квалификациските групи за СП 2022 ќе се одвива онлајн, поради пандемијата на коронавирусот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
