Connect with us

Пред Јан Облак: Столе Димитриевски е втор најдобар голман во Ла Лига

Рајо Ваљекано е најпријатното изненадување во Ла Лига оваа сезона, а еден од најзаслужните за тоа е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Чуварот на мрежата блеска на голот на Рајо, а одличните одбрани го донесоа во најтесниот избор за наградата „Замора“ што ја доделува престижниот медиум „Марка“.

Столе Димитриевски е втор најдобар голман во Ла Лига, веднаш зад Тибо Куртоа од Реал Мадрид. Словенецот Јан Облак кој го брани голот на актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид, не е ни меѓу петмината најдобри.

Димитриевски на 17 натпревари прими само 18 голови. Тој забележа 49 одбрани, меѓу кои и два одбранети пенали. На пет натпревари во елитната конкуренција во Шпанија, Столе Димитриевски успеа да ја сочува мрежата мирна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови