
Рубен Аморим од денес е официјално на чело на Манчестер Јунајтед, а веќе започна преговори со раководството за засилувања во јануарскиот трансфер период.
Еден од фудбалерите што е на неговиот радар е 33-годишниот капитен на Јувентус, Данило. Тој е во последната година од договорот со Јувентус, но би можел да го напушти клубот уште во јануари. Иако е капитен, Данило е во втор план поради младите играчи, и досега има започнато само три натпревари во Серија А оваа сезона.
Аморим го гледа Данило како добар избор поради неговото искуство, кое е потребно во дефанзивната линија на тимот. Искусниот бразилски репрезентативец, кој има одиграно 64 натпревари за Бразил, има богата кариера во клубови како Сантош, Порто, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
