Шкендија вечерва од 18 часот на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку го игра реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Карабах. Познати се стартните тимови.
Домашниот тренер Гурбан Гурбанов ќе започне со: Кохалски, Силва, Мустафазаде, Медина, Јафаргулиев, Педро Бикаљо, Јанковиќ, Леандро Андраде, Кади, Зоубир, Акундзаде.
Јетон Беќири, предводникот на тетовци, се одлучи за следните 11 фудбалери: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Ќака, Тамба, Зејнулаи, Љатифи, Ибраими.
Карабах има предност од 0-1 од првиот натпревар во Скопје. Победникот од овој двомеч ќе се пласира во плеј-офот за Лигата на шампионите, додека поразениот ќе игра во плеј-офот на Лигата на Европа.
Мечот ќе го суди Дани Макели од Холандија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













