
Од Букурешт за МАКФУДБАЛ,
Никола Ѓуровски
Селекторот на Романија, Мирел Радои, е во изолација со оглед на позитивниот тест на Ковид-19, но веќе им ги поделил на асистентите како треба да игра домашната селекција на утрешниот натпревар против Македонија на Националната арена во Букурешт.
Георге Пушкаш, напаѓачот на англискиот Рединг, треба да биде најопасниот кон голот на Македонија, а веднаш до него и Јанис Хаџи, офанзивниот играч за врска на Глазгов Ренџерс. Македонските дефанзивци ќе треба добро да внимаваат на луцидноста на Хаџи и брзите проигрувања, како и на брзината и скок-играта на Пушкаш.
Зад овој тандем ќе делува Разван Марин, централниот играч за врска и член на италијанскиот калчолигаш Калјари. Тој е главниот креатор на играта заедно со Николае Станчиу, членот на Славија Прага.

На крилните позиции ќе бидат поставени Денис Ман и Валентин Михаила, двајцата фудбалери на Парма. Се работи за брзи и продорни фудбалери кои можат да создадат многу проблеми по страничните позиции, но исто така и оставаат празнина зад себе.
Влад Кирикеш е столбот во одбраната на Романија, а најверојатно ќе игра во тандем со Андреи Бурча од Клуж. На левата страна во дефанзивата, но умее да влезе и во средниот ред, ќе делува Никусор Банку од Универзитатеа Крајова, а на десен бек треба да биде распореден Василе Могош од Киево.
На голот на романската репрезентација ќе биде Флорин Ница, чуварот на мрежата на Спарта Прага.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
