Бразилската легенда Пеле е во многу лоша здравствена состојба и покрај тоа што денеска е отпуштен од болница по уште еден сесија со хемотерапија.
Откако беше хоспитализиран и имаше бројни тестови, стана јасно дека канцерот на дебелото црево на кралот на фудбалот е во напредна фаза. Состојбата на трикратниот светски шампион ќе се следи под лупа секојдневно.
Оваа болест на Пеле му е откриена пред неколку години, а пред неколку месеци стана јасно дека 81-годишниот Бразилец има тумор и во цревата, црниот дроб и белите дробови.
Во последниве години тој се бореше со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи ги и компликациите предизвикани од поставувањето на вештачки колк.
Пеле за бразилската репрезентација има 92 натпревари и постигна 77 гола. Запишан е во Гинисовата книга на рекорди како автор на 1279 гола во неговата кариера. Тој најдобар фудбалер на 20. век според ФИФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













