
По убедливата победа на Барселона со 5-2 против Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија, каталонскиот клуб се соочи со непријатна вест.
Според шпанскиот медиум „АС“, дефанзивецот Ињиго Мартинез, кој се здоби со повреда на натпреварот, ќе биде надвор од терените во наредните пет недели.
Оваа ситуација може да ги промени плановите на Барселона за зимскиот трансферен период, бидејќи се очекува тренерот Ханси Флик да го задржи Роналд Араухо во тимот. Иако се шпекулираше дека Уругваецот би можел да се пресели во Јувентус, повредата на Мартинез би можела да го спречи тој трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal