
Стратегот на Холандија, Франк де Бур потврди дека дефанзивецот на Ливерул, Вирџил Ван Дајк нема да биде подготвен за Европското првенство ова лето.
Ван Дајк го пропушти поголемиот дел од сезоната со тимот од “Енфилд” поради сериозната повреда на коленото, а дури неодамна се врати на тренинг со лесни индивидуални вежби. Де Бур не беше во можност да го избере 29-годишниот фудбалер за почетокот на квалификациската кампања на Холандија за СП, а не гледа ни скоро враќање на дефанзивецот за Европското правенство.
„Што знаеме досега? Дека неговото враќање се очекува за осум недели. Не знам дали е тоа доволно. Разговарав со него, полека се враќа, но не верувам дека ќе одигра некои меч за Ливерпул оваа сезона.
“Ван Дајк е на вистинскиот пат, но јас верувам дека тој и клубот се подготвуваат за наредната кампања“, рече холандскиот селектор на последната прес-конференција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
